За Христо Арсовски занимавање со автомеханика било логично продолжение на она што со години успешно се занимавал неговиот татко. Иако првично се определил за нешто сосема спротивно од моторните возила и студирал книжевност и пеење, по тешката болест на својот татко, бил принуден да го преземе бизнисот и да го продолжи занаетот.
На периферијата на градот Струмица се наоѓа „Гарден центар Марија“, каде на вкупна површина од 5 декари поставени се пластеници со разни видови цвеќиња, во сопственост на фамилијата Петрови. Сопственик на овие пластеници е Драги Петров, кој заедно со својата сопруга ги обработуваат со помош на 4 вработени лица.
Во атарот на селото Неготино, Полошко, живее и работи Букурије Зулбехари со своето семејство. Тие активно се занимаваат со земјоделство и сточарство целиот свој живот. Главната дејност од која остваруваат приходи им е одгледувањето молзни крави. Во моментот имаат 29 молзни крави и 10 телиња за кои се грижат и ги одгледуваат. Од нив добиваат приближно 270 литри млеко дневно, кое потоа го продаваат на млекарницата Сентис АГ - Џепчиште.
Земјоделието е семејниот бизнис на Павлина Ристевска од с. Добромири, Битола и нејзиното семејство. На осум хектари тие воглавно одгледуваат пченица, јачмен и пченка, а на површина од шест декари имаат засадено ориентален тутун, од кој пак, доаѓа и најголемиот приход. Павлина вели дека иако на почетокот имале проблеми во работата, со тек на време и со нивно големо ангажирање успеале да ги надминат.
Лилјана и Љупчо Стефковски од Скопје пливаат во претприемачките води веќе 13 години. Преку нивната компанија ПИВ-ЕЛ, тие се занимаваат со површинска заштита на алуминиумот од корозија. Љупчо има 35 годишно искуство во обработувањето метали кое го стекнал во фабриката „Алумина“. „Необработените алуминиумски профили поминуваат низ процес на дополнителна оксидација при што ја зголемуваме дебелината на заштитниот слој од 12 до до 30 микрони“, раскажува Љупчо. „Во тој процес, површинскиот слој на алуминиумот се претвора во стаклено-кристапна превлака, а бојата се движи од природната боја на алуминиумот до бронзени нијанси и црна боја“, вели тој.
Бизнисот на Мартин Митов од Скопје веќе 16 години е поврзан со автомобилите. Сегашниот автосервис кој вклучува лимарско-фарбарски услуги, поправка на возила, продажба на половни возила, како и откуп на хаварисани возила поради нивните автоделови е продолжение на автопералната со која почнал уште во 2000 година.
Горан Тодоровиќ ја започнал стоматолошката приватна пракса во 1993 година основајќи ја Приватната здравствена установа „Неодент“ во Битола. Дотогаш, тој имал седугодишно искуство како стоматолог во амбулантата во Новаци. Седум години по осамостојувањето, Тодоровиќ, во 2001 година, започнал да работи имплантологија.