Во атарот на селото Неготино, Полошко, живее и работи Букурије Зулбехари со своето семејство. Тие активно се занимаваат со земјоделство и сточарство целиот свој живот. Главната дејност од која остваруваат приходи им е одгледувањето молзни крави. Во моментот имаат 29 молзни крави и 10 телиња за кои се грижат и ги одгледуваат. Од нив добиваат приближно 270 литри млеко дневно, кое потоа го продаваат на млекарницата Сентис АГ - Џепчиште.
Покрај тоа, се занимаваат и со одгледување грав, пченица, пченка и други земјоделски култури.Во атарот на селото Неготино, Полошко, живее и работи Букурије Зулбехари со своето семејство. Тие активно се занимаваат со земјоделство и сточарство целиот свој живот. Главната дејност од која остваруваат приходи им е одгледувањето молзни крави. Во моментот имаат 29 молзни крави и 10 телиња за кои се грижат и ги одгледуваат. Од нив добиваат приближно 270 литри млеко дневно, кое потоа го продаваат на млекарницата Сентис АГ - Џепчиште. Покрај тоа, се занимаваат и со одгледување грав, пченица, пченка и други земјоделски култури.Средствата од кредитот им биле потребни за набавка на половен комбајн. Обработуваат 14 хектари земја и затоа им била неопходна набавката на истиот.
Сега можат да произведат дури 90% од храната потребна за одгледување на кравите, а само 10% отпаѓа на набавка на концентрат. Со тоа значително ги намалиле секојдневните трошоци, дури успеваат и да заштедат.Во иднина планираат да го зголемат бројот на грлата добиток, да се занимаваат со одгледување телиња, наменети исклучиво за товење и за продажба. Во најскоро време би сакале да купат 3-4 крави со желба да надминат продажба на над 350 литри млеко на ден.„Нема работа што не се исплаќа“, велат тие. Иако краварството е тешка работа, тие ја исполниле својата цел – останале во својата родна земја и немале потреба да заминат на печалба, како повеќето жители на Гостивар, на што се особено горди.