Советот на МРФП е највисок орган за општо управување и надзор на МРФП. Членови на Советот, со мандат од 2020-2024 година, се:
- Гонце Јаковлеска, магистер по комуникации. Од 1996 г. работи во МЦМС, а од 2016 г. до 2020 г. ја извршува функцијата извршен директор. Таа е експерт за комуникации и има долгогодишно искуство како обучувач и координатор на проекти. Автор е и коавтор на повеќе публикации на теми од граѓанското општество, општествена одговорност, актуелните политички случувања и др.
- Сашо Клековски, раководител и аналитичар. Од 1993 г. до 2011 г. е извршен директор на МЦМС, а од основањето до 2008 г. раководи со МРФП. Членува/л во повеќе тела и организации, меѓу кои и Заедничкиот консултативен комитет на Европскиот економски и социјален комитет. Има повеќегодишно искуство како експерт, аналитичар/консултант и обучувач во земјата и странство.
- Александар Кржаловски, дипломиран електроинженер. Од 1995 г. работи во МЦМС, а од 2011 г. ја извршува функцијата директор во МЦМС. Членува во повеќе тела и организации, меѓу кои и Националниот совет за европски интеграции од 2008 г. до 2011 г. [LinkedIN]
- Влатко Данилов, магистер по финансиски менаџмент. Директор е на Басме КТ со долгогодишно искуство како консултант, обучувач, ментор и оценувач во земјата и странство. Има работно искуство како раководно лице во јавен и приватен сектор, а работел и на повеќе проекти финансирани од различни меѓународни организации [LinkedIN]
- Дрилон Исени, дипломиран правник и магистер по меѓународно и европско право. Од 2015 г. работи во Стопанската комора на северо-западна Македонија (СКСЗМ), а од 2017 г. ја извршува функцијата извршен директор. Има претходни работни ангажмани во Амбасадата на Кралството Холандија, Секретаријатот за европски прашања и како експерт во различни иницијативи и проекти.
- Габриела Кулебанова, магистер по економија. Од 2000 г. е сопственик/управител на приватната компанија Антариас ДООЕЛ. Потпретседател е на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК) од 2016 г., а од 2020 г. е член на одбор на директори во Кроација осигурување - неживот. Членува во неколку Советодавни тела, одбори и други организации.
- Никица Мојсоска – Блажевски, доктор на економски науки. Главен извршен директор е на Македонија 2025. Претходно била професор и декан на Факултет за деловна економија и организациски науки во Универзитет Американ Колеџ Скопје и раководител на сектор за макроекономска и развојна политика во Министерство за финансии на РМ. Член е и истражувач во неколку професионални тела и организации.
- Горан Анастасовски, дипломиран економист. Претседател на Управниот одбор и Генерален директор на Клириншката куќа клириншки интербанкарски системи АД Скопје - КИБС АД Скопје. Член е во повеќе тела и организации, меѓу кои и Македонската берза на хартии од вредност АД Скопје.
- Тетјана Лазаревска, дипломиран економист. Од 1997 г. е вработена во МЦМС, а од 2008 г. до 2020 г. е извршен директор на МРФП. Има искуство и во приватниот сектор како сопственик на трговска компанија и како овластен сметководител на повеќе компании. Претседател е на надзорниот одбор на Штедилница Можности, на собранието на Хабитат Македонија и член на надзорниот одбор на Сојузот на микрофинансиски организации.
- Драган Мартиновски, дипломиран економист. Од 2007 г. до 2019 г. е главен извршен директор на Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР). Има претходно искуство како извршен директор во Кримсон Капитал. Членува во управните одбори на Хоризонти и Развојна фондација Кримсон.
- Аце Коцевски, дипломиран градежен инженер. Сопственик е на компанијата за градежништво и консултантски услуги Афион. Во три наврати е избиран за градоначалник на Општина Велес, а во периодот од 1994 г. до 1998 г. е пратеник во Собранието на РМ. Добитник е на повеќе награди за долгогодишен придонес во развојот на граѓанското општество и демократија, како и многубројни награди како градоначалник на Велес.
- Неда Милевска-Костова, доктор по медицински науки и магистер по јавни политики и менаџмент. Од 2003 г. до 2019 г. е програмски, а потоа и извршен директор на Центар за регионални истражувања и соработка Студиорум. Од 2015 г. е ангажирана како консултант на Светската здравствена организација за Европа за здравствени системи и економика, а од 2019 г. е консултант за Југоисточна Азија за здравствени системи и политики. Потпретседател е на управни одбори на неколку меѓународни организации.
- Јасмина Поповска, магистер по економски науки, и од 2019 г. кандидат за доктор на науки на Универзитетот во Љубљана. Работи како регионален менаџер за бизнис развој во Централно-Источна Европа, од 2018 г. до 2020 г. за програмите на Европскиот институт за иновации и технологија - EIT Digital, а од октомври 2020 г. во Европскиот институт за иновации и технологија - EIT Manufacturing. Во овој период нејзината улога има фокус на обезбедување поддршка за интернационализација и инвестиции во старт-ап компании и за технолошки развој, трансформација и пазарна експанзија на МСП. Од 2013 г. до 2017 г. е директор на Фондот за иновации и технолошки развој. Членува и учествува во работата на различни институции и групи поврзани со креирање на политики од областа на иновациите и претприемништвото, меѓу кои Комитет за иновации и претприемништво. Од 2006 г. работи во секторот за финансиски услуги и инвестиции како инвестициски советник, а од 2011 г. во МРФП во делот на финансиски и нефинансиски услуги за поддршка на МСП.
- Анастасовски Горан
- Габер-Дамјановска Наташа
- Данилов Влатко
- Етеми Фатмир
- Зарков Александар
- Зендели Касам
- Клековски Сашо
- Костов Зоран
- Кржаловски Александар
- Мартиновски Драган
- Мојсоска – Блажевски Никица
- Поповска Јасмина
- Поленаковиќ Радмил
- Рајевски Љубе
- Анастасовски Горан
- Анѓушев Кочо
- Вртески Јане
- Габер-Дамјановска Наташа
- Даути Џемал
- Зендели Касам
- Клековски Сашо
- Костов Зоран
- Кржаловски Александар
- Мартиновски Драган
- Мартиновски Зоран
- Лазарев Стојан
- Мојсовска – Блажевски Никица
- Поленаковиќ Радмил
- Рајевски Љубе
- Чекреџи Мирче
- Али Чупи Реџеп
- Бајрактар Абдураим
- Вртевски Јане
- Габер-Дамјановска Наташа
- Кадриу Газменд
- Касам Зендели
- Костов Зоран
- Крлиу Венера
- Лазарев Стојан
- Мартиновски Зоран
- Митревски Иван
- Поленаковиќ Радмил
- Попсимонова Гордана
- Рајевски Љубе
- Тасевски Томче
- Чекреџи Мирче