МРФП, во периодот од 2008 година заклучно со 2014г., финансиски го поддржа спроведувањето на стратешките планови на Сојузот на стопански комори на Македонија.
Општата цел е да се подобри капацитетот за промоција на претприемништво.
Специфичната цел е да се зајакне ССК како организација на претприемачи.
Постигнати се следните резултати:
- Зголемена достапност и квалитет на бизнис информациите и можностите за членките на ССК;
- Подобрено е деловно опкружување за развој на бизнисот;
- Подобрен капацитет на членките на ССК;
- Подобрена соработка со релевантни институции;
- Зголемена свест за користа од коморско работење;
- Подобрен организациски капацитет на ССК.
ССК во овој период спроведе низа активности, како што се: месечни анализи и извештаи за тековните економски состојби и движења во Македонија; организација на трибини за клучни теми во економијата; спроведување на обуки на своите членки за воведување на стандарди, за пристап до ЕУ фондови; организација и учество на саеми; избор на најдобри претприемачи на микро и мали претпријатија; организација на низа форуми со комори од други земји (Босна, Турција, Украина ...) и др.
Голем број на активности беа насочени кон надминување на последиците од светската економска криза. Беа предложени низа препораки за подобрување на конкурентноста на македонските претпријатија, за излез од кризата. Владата на Македонија спроведе низа анти кризни мерки предложени од ССК и најде решенија за голем дел од проблемите со кои се соочуваат претпријатијата – членки на ССК.
ССК реализираше активности од Стратешкиот план 2012-2015 во значаен дел финансиран од МРФП. Беа спроведени активности за подобро деловно опкружување за развој на бизнисот, организирани се ЛИДЕР обуки по бизнис и претприемништво за околу 30 македонски мали и средни претпријатија, обуки за зајакнување на капацитетите на ССК, а беше организирана и студиска посета во главното седиште на International Chambers of Commerce во Париз, како и посета на интернационалниот саем во Измир, Турција. Исто така, ССК потпиша и неколку Меморандуми за соработка, беа спроведени и промотивни активности за промовирање и зголемена видливост на комората, а беа издадени и сертификати за членките на ССК.
Според надворешната оценка и наодите на МРФП, “интервенцијата на ССК е релевантна и биле исполнети планираните цели, како што е 30% зголемен број на иницијативи доставени до Владата и 30% зголемен број на нови членки“.
Вкупниот буџет кој беше обезбеден од МРФП, во периодот од 2008 заклучно со 2014г. изнесува 7.376.060 МКД.
Во продолжение се дадени неколку фотографии од реализираните активности.
Промоција на стратешкиот план на ССК | Презентација за ИПА фондови | |
Бизнис форум на претпријатија од Македонија и Турција | ||