Интернет страница:
www.dearwest.org
МРФП во конзорциум со локални акциони групи од општините Пеќ, Исток, Дечани и Клина во Косово, во периодот од 4 ноември 2010 до 3 ноември 2012 година, го спроведе проектот „Економски активности на Косово“.
Општите цели на проектот беа:
- Регионален економски развој на Косово, посебно на западниот регион
- Спроведување на локалните развојни стратегии на општините во западниот регион
- Спроведувањето на ЛИДЕР пристапот.
Специфичната цел на проектот беше диверзифицирани економски активности поврзани со туризам.
Со спроведувањето на проектот беа постигнати следните резултати:
- Идентификувани и развиени локални туристички производи
- Развиени капацитети за туризам
- Промовирани туристичките потенцијали на регионот
- Подобрени капацитети на сектори комплементарни на туризам
Активностите беа групирани во четири групи:
- Идентификација и развој на туристички производи;
- Развој на капацитетите за туризам;
- Промоција на туристичкиот потенцијал на регионот; и
- Подобрени капацитети на комплементарните сектори на туризмот.
Во рамките на проектот беа спроведени следните активности: работилници за идентификација и развој на туристичките потенцијали на западниот регион; промоција на ТВ спот насловен како “Западно Косово – на дофат“, кој се емитуваше на водечките телевизии во Косово; беа спроведени 4 циклуси обуки за професионалци во туризам од регионот, вклучително и со реномирани обучувачи од Хрватска; 4 студиски посети и размена на искуства за туризмот (посебно рурален) во Црна Гора, Албанија и Македонија; подготвени 3 туристички промотивни видео спотови, 2 брошури и летоци и промоција преку 9 медиуми, 3 саеми и 16 настани со директни контакти; изградени се инфраструктурни објекти (видиковци со маси и клупи, уредена е планинска патека, чешми, мал парк, реконструиран планинарски дом, поставена туристичка сигнализација во 4 општини); хортикултурно уредување и пошумување; а на крајот беше организиран и завршен настан на кој се обрати Специјалниот претставник на ЕУ за Косово, г-н Самуел Жбогар и други видни личности.
Проектот се спроведе во Косово, во западниот регион.
Времетраењето на проектот беше од 4 ноември 2010 до 3 ноември 2012 година.
Вкупниот буџет на проектот изнесуваше 330,855 ЕУР, од кои 90% беа обезбедени од Европската комисија, а остатокот беше обезбедено како кофинансирање од МРФП и партнерите.
Во продолжение се дадени неколку фотографии од реализираните активности.
Промоција на ТВ спотот “Западно Косово – На дофат“ | ||
Обуки и студиски посети за професионалци во туризмот | ||
Промотивни видео спотови, брошури и настани за директна промоција | ||
Завршен настан со говор на Специјалниот претставник на ЕУ за Косово, г-н Самуел Жбогар | Подобрување на туристичка инфраструктура |