МРФП во конзорциум со партнерите: НВО КХАМ од Делчево, ХДЗР Месечина од Гостивар и Микрокредитната фондација Хоризонти од Скопје, во периодот од 14 декември 2015 г. до 14 јуни 2017 г. го спроведуваа проектот „Зголемување на учеството на жените Ромки на пазарот на труд“.
Општите цели на проектот се:
- Зголемување на нивото на вработеност на ромската популација;
- Подобрување на стандардот на живеење на ромската популација;
- Подобрување на вештините на ромската популација за учество во економски и социјални активности.
Специфична цел на проектот беше развивање на работни вештини на жените Ромки за влез на пазарот на труд.
Со спроведувањето на проектот ќе се постигнат следните резултати:
- Идентификувани жени Ромки за градење на нивните вештини за вработување.
- Анализирана побарувачка и понуда на пазарот на труд за жените Ромки.
- Подобрени стручни вештини на жените Ромки.
- Подобрени вештини за самовработување на претприемачки Ромки.
- Информирани и мотивирани чинители за зголемено учество на пазарот на труд на жените Ромки.
Со активностите на проектот 70 жени посетија обука преку работа (менторирање) во 24 претпријатија додека 28 жени посетија обуки за развој на технички вештини (фризерство, педикир, маникир и шминкер). 39 жени беа вклучени во обуките за претприемништво а 40 жени ги развија своите бизнис планови/идеи.
Времетраењето на проектот беше од 14.12.2015 г. до 14.06.2017 г.
Проектот беше финансиран од Европската Унија во рамките на ИПА Програмата за развој на човечки ресурси, преку Секторот за финансирање и склучување договори - ЦФЦД при Министерството за финансии и Министерството за труд и социјална политика.
Европската комисија обезбеди 95% од буџетот на проектот, а остатокот како кофинансирање беше обезбедено од МРФП, КХАМ, Хоризонти и Месечина.
Во продолжение се дадени неколку фотографии од реализираните активности:
Обуки за технички вештини | Обука преку работа | |
Обуки за претприемништво | Видео - искуства на учесниците на проектот |