Македонската развојна фондација за претпријатија Ве поканува да учествувате на онлајн работилница наменета за сите што имаат иновативна бизнис идеја за производ или услуга и сакаат да аплицираат на EIT Jumpstarter за 2022 година. Работилницата има за цел да Ве запознае со EIT Jumpstarter - една од најпознатите и најголемите европски пред-акцелераторски програми која нуди пристап до европската старт-ап заедница и освојување на парични награди до 10.000 евра.
Дали имате иновативна идеја и сакате да го започнете Вашиот бизнис? ЕИТ организира натпревар за иновативни бизнис идеи на кој можете да освоите 10.000 евра.
Придружете се на вебинарот: „Environmental Technology Verification (ETV) process: Success stories”, организиран од EIT Manufacturing заедницата и дознајте повеќе за алатката ETV, која е дизајнирана да го олесни пристапот на иновативните, еко-технолошки решенија до пазарот. Притоа, ќе имате можност да ги слушнете и успешните приказни на претходно поддржани старт-апи.
На 1 декември 2021 година ќе се одржи големото финале на EIT Jumpstarter програмата која ги поддржува иноваторите од европските региони за да ја претворат нивната идеја во реален бизнис. Оваа година имаше рекордни 548 апликации, а во програмата за прв пат учествуваа и тимови од западен Балкан.
EIT заедницата Ве поканува да се придружите на oнлајн настанот: „EIT Awareness Day“, кој ќе се одржи на 15-ти ноември 2021 г. (понеделник), од 9:00 до 12:40 часот.