МРФП во конзорциум со неколку консултантски куќи, беше избрана од страна на Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ) да спроведува обуки и советувања за претприемништво како дел од проектот „Поддршка за вработување на млади“, спроведуван од АВРМ, а финансиран од Европската Унија.
Општа цел на обуките беше да се создадат нови можности за вработување на невработените лица кои се заинтересирани да започнат сопствен бизнис.
Специфична цел беше да се зголемат можностите за вработување на младите до 29 години со зголемување на нивните компетенции (знаење, вештини и ставови), можности за вработување и поддршка за само вработување.
МРФП спроведе 67 обуки и советувања за претприемништво низ земјата, на кои 908 (96% од првично планираните) учесници се стекнаа со претприемачки вештини. Целна група беа 950 невработени лица на возраст до 29 години со завршено средно образование. Обуките се спроведуваа во периодот од јули до ноември, со времетраење од 30 часа, пропратени со 15-часовни консултации. Дел од учесниците, стекнатите вештини ги искористија за аплицирање и на други активни мерки за вработување кои ги нуди АВРМ, вклучително и Програмата за самовработување во рамките на која може да се добие грант за почетни бизниси до 4.000 евра и Програмата за старт-ап бизниси за млади на која грантот изнесува 5.000 евра.
Времетраењето на проектот беше од 23 мај 2017 г. до 27 ноември 2017 г.
Вкупниот буџет изнесуваше 15,412,392 денари. Проектот е финансиран од Европската Унија во рамките на ИПА компонентата 4 – Оперативна програма за развој на човечки ресурси.
Во продолжение се дадени неколку фотографии од реализираните активности.