Во март 2024 г. МРФП во партнерство со Џуниор Ачивмент Македонија и ЦЕП Можности ги започна активностите од проектот „Зелена младина, зелен раст“ (“Green Youth, Green Growth”).
Целна група: Ученици од формалниот образовен систем, граѓанските организации и медиумите.
Општа цел: Да се придонесе кон процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ, преку креирање на зајакнато граѓанско општество, медиумски организации и младите кои активно придонесуваат во секторските реформи кон процесот на интеграција во ЕУ.
Специфична цел: Зајакнати, поддржани и посветени граѓански организации, млади и медиуми во областите на Зелената агенда, вклучувајќи заштита на животната средина, климатските промени и циркуларна економија.
Со проектот се планирани три групи на активности кои ќе придонесат до: подобрена еколошка одржливост, благосостојба на заедницата и зајакнат напредок согласно Зелената агенда за Западен Балкан. Со спроведување на првата група активности ќе се придонесе кон повеќе обучени наставници и млади во процесот на формалниот образовен систем за циркуларна економија, заштита на животната средина, климатски промени и зелено претприемништво, а со тоа ќе се поттикнат и младинските иновативни зелени идеи како решенија за еколошките предизвици. Втората група активности предвидува поддршка и зајакнување на локални граѓански организации кои се активни во областа на 5-те столбови на Зелената агенда и кои ќе доведат до подобрени еколошки практики и зголемена отпорност на заедницата. Последната група активности предвидува мапирани добри зелени практики, креирана и спроведена кампања на социјалните медиуми и организирање завршен проектен настан.
Со проектот се предвидени следните резултати:
- Вкоренет начин на размислување и зголемен капацитет на младите за заштита на животната средина, климатските промени и циркуларната економија/претприемништво во рамките на формалниот образовен систем.
- Поддржани, зајакнати и активни локални граѓански организации во полето на 5-те столбови на Зелената агенда (циркуларна економија, климатски промени, биодиверзитет, борба против загадувањето и одржливи системи за храна и рурални области).
- Подигната јавна свест и информации за конкретни предизвици, придобивки и (потребни) активности на зелената агенда преку насочена кампања на дигиталните медиуми.
Времетраењето на проектот е 36 месеци.
Овој проект е финансиран од Европската унија.