Ни претставува чест и задоволство да Ве поканиме да учествувате во фокус група за повик за грантови во рамките на проектот „Зелена младина, зелен раст“:
➡️ Датум: 27.03.2025 (четврток)
➡️ Времетраење: 11:00 – 12:30 часот
➡️ Локација: Граѓански ресурсен центар, Скопје.
На фокус групата ќе имате можност:
🔹 Да се информирате за можностите кои ги нуди проектот,
🔹 Да ги споделите Вашите перспективи и грижи поврзани со прашањата за животната средина,
🔹 Да дадете свои предлози и идеи за дефинирање на клучните зелени приоритети.
Проектот има за цел да ги зајакне, поддржи и мотивира граѓанските организации, младите генерации и медиумите во областите на Зелената агенда, вклучувајќи:
✅ заштита на животната средина,
✅ климатски промени,
✅ циркуларна економија.
Целна група на проектот:
👉 Студенти во формалниот образовен систем,
👉 Граѓански организации,
👉 Медиуми.
Проектот предвидува поддршка на иновативни проекти во областа на зелена економија преку грантови во износ до 15.000 евра, а вкупниот фонд за грантови изнесува 150.000 евра. Проектот „Зелена младина, зелен раст“ е финансиран од Европската Унија и го спроведува Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) во партнерство со Џуниор Ачивмент Македонија и ЦЕП Можности.
Преземи ја Агендата за настанот.
👉 Ве молиме да го пријавите Вашето учество најдоцна до 26.03.2025 г. на:
📧
Вашето учество и идеи се од големо значење за успешна реализација на проектот!