Ни претставува чест и задоволство да Ве поканиме да учествувате во фокус групите за повик за грантови во вкупен износ од 150.000 евра, во рамките на проектот „Зелена младина, зелен раст“, кои ќе се одржат на 07.04.2025 г. (понеделник) и 08.04.2025 г. (вторник):
Датум и локации: 07.04.2025 (понеделник) 🔹 Штип – Граѓански ресурсен центар 🔹 Тетово – Europe House 🔹 Гостивар – Граѓански ресурсен центар 📍 Благој Јанков Мучето бб |
Датум и локации: 08.04.2025 (вторник) 🔹 Куманово – MultiКулти Mладински Центар 🔹 Велес – Europe House |
На фокус групата ќе имате можност:
🔹 Да се информирате за можностите кои ги нуди проектот,
🔹 Да ги споделите Вашите перспективи и грижи поврзани со прашањата за животната средина,
🔹 Да дадете свои предлози и идеи за дефинирање на клучните зелени приоритети.
Проектот има за цел да ги зајакне, поддржи и мотивира граѓанските организации, младите генерации и медиумите во областите на Зелената агенда, вклучувајќи:
✅ заштита на животната средина,
✅ климатски промени,
✅ циркуларна економија.
Целна група на проектот:
👉 Студенти во формалниот образовен систем,
👉 Граѓански организации,
👉 Медиуми.
Проектот предвидува поддршка на иновативни проекти во областа на зелена економија преку грантови во износ до 15.000 евра, а вкупниот фонд за грантови изнесува 150.000 евра. Проектот „Зелена младина, зелен раст“ е финансиран од Европската Унија и го спроведува Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) во партнерство со Џуниор Ачивмент Македонија и ЦЕП Можности.
Преземи ја агендата за настанот.
👉 Ве молиме да го пријавите Вашето учество најдоцна до 04.04.2025 г. на: 📧
Вашето учество и идеи се од големо значење за успешна реализација на проектот!