Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) денес, 13 февруари 2015 година ги промовираше двете видеа (реклами) посветени на алтернативниот туризам под насловот „Излези во природа, влези во авантура!“.
На 3 и 4 февруари 2015 година, во хотелот Гарден во Охрид се одржа обука за традиционална и здрава храна во модерното угостителство. Дваесет и тројца претставници на ресторани и институции поврзани со угостителство од регионот на Охрид, Струга и Вевчани имаа можност да ги споделат искуствата, но уште повеќе да ги збогатат своите знаења и вештини за подготовка на храна и послужување вино. Обуката ја водеа Влатко Огненовски, готвач со големо меѓународно искуство и Александар Вучковски.
Денес, 16.12.2014 година (вторник), во хотелот Александар Палас во Скопје, беа доделени награди за најуспешните претприемачи на микро и мали претпријатија во Република Македонија.
Васко Дамевски, менаџер на компанијата Ксенос, Демир Хисар и Сејди Шахсивари, менаџер на Урбан план констракшн од Тетово се добитници на првата, односно втората награда во категоријата мали претпријатија.
Ни претставува посебна чест и задоволство, во името на МРФП, да Ве поканиме на манифестацијата „Претприемач на годината 2014“.
На манифестацијата, по осми пат оваа година, ќе се изберат најуспешните микро и мали претпријатија во Република Македонија.
Во очекување на Вашето присуство.
Јавен повик за понуди за избор на добавувач на добра за подобрување на туристичка инфраструктура.
„Македонската развојна фондација за претпријатија“ (МРФП) ги поканува сите заинтересирани субјекти да учествуваат во тендерска постапка за набавка и поставување на добра наменети за подобрување на туристичката инфраструктура во планинските подрачја на територија на општините Охрид, Струга, Вевчани и Дебарца. Под добра кои се предмет на набавка и поставување се подразбираат планински клупи и маси, видиковци, патокази, информативни табли, паркинг остави за велосипеди и друго, како што се предвидени во тендерската документација.