Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), заедно со Сојузот на стопански комори на Македонија и Стопанската комора на северозападна Македонија на 18 декември 2015 година, во 11 часот, во хотелот Александар Палас, по деветти пат ќе ја организираат манифестацијата „Претприемач на годината 2015“ на која ќе ги прогласат најуспешните микро и мали претпријатија во Република Македонија. Министерството за економија e главен покровител на настанот, a Националниот центар за развој на иновации и претприемничко учење е ко-организатор.
Ќе бидат доделени прва и втора награда во категориите микро и мали претпријатија. Изборот на најдобрите се прави на основа на неколку критериуми како што се: раст по основ на број на вработени, вкупни приходи, добивка и инвестиции. Податоците за овие параметри се обезбедуваат од Централниот регистар на РМ. Крајниот избор вклучува претприемачи кои изразуваат интерес за доставување податоци преку прашалник, посета на терен, анализа и бодирање, согласно однапред утврдени критериуми (посветеност на сопствена и обука на неговите вработени, маркетинг и стратегија на раст, инвестиции во истражување, развој и иновации и др.).
Манифестацијата е отворена, а МРФП со задоволство ве поканува да присуствувате и прогласувањето на најдобрите за 2015 година.