Советот на Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) на шестата редовна седницата што се одржа на 14 јуни 2016 година го усвои Годишниот извештај за работата на МРФП во 2015 година, со финансискиот извештај и независното ревизорско мислење.
Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) заедно со Здружението КХАМ од Делчево и Сојузот на стопански комори на Македонија ги сумираа резултатите од проектот „Пат кон кариера“ и ги презентираа на завршниот настан што се одржа на 19 мај 2016 година во хотелот Манастир во Берово.
Денеска (18.12.2015 година), во хотелот Александар Палас во Скопје, беа доделени наградите за најуспешните претприемачи на микро и мали претпријатија во Република Македонија. Томо Ѓоргиески и Петар Василески, менаџери на компанијата Ламинати Ком од Прилеп ја добија првата награда во категоријата мали претроијатија, а втората награда му припадна на Дејан Трајчев, менаџер на компанијата Дени Милк од Кочани.
Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), заедно со Сојузот на стопански комори на Македонија и Стопанската комора на северозападна Македонија на 18 декември 2015 година, во 11 часот, во хотелот Александар Палас, по деветти пат ќе ја организираат манифестацијата „Претприемач на годината 2015“ на која ќе ги прогласат најуспешните микро и мали претпријатија во Република Македонија. Министерството за економија e главен покровител на настанот, a Националниот центар за развој на иновации и претприемничко учење е ко-организатор.
Советот на Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) на седницата одржана на 26 мај 2015 година го усвои Годишниот извештај за работата на МРФП во 2014 година, со финансискиот извештај и независното ревизорско мислење.