Дали имате иновативна идеја и сакате да го започнете Вашиот бизнис? ЕИТ организира натпревар за иновативни бизнис идеи на кој можете да освоите 10.000 евра.
Придружете се на вебинарот: „Environmental Technology Verification (ETV) process: Success stories”, организиран од EIT Manufacturing заедницата и дознајте повеќе за алатката ETV, која е дизајнирана да го олесни пристапот на иновативните, еко-технолошки решенија до пазарот. Притоа, ќе имате можност да ги слушнете и успешните приказни на претходно поддржани старт-апи.
На 1 декември 2021 година ќе се одржи големото финале на EIT Jumpstarter програмата која ги поддржува иноваторите од европските региони за да ја претворат нивната идеја во реален бизнис. Оваа година имаше рекордни 548 апликации, а во програмата за прв пат учествуваа и тимови од западен Балкан.
EIT заедницата Ве поканува да се придружите на oнлајн настанот: „EIT Awareness Day“, кој ќе се одржи на 15-ти ноември 2021 г. (понеделник), од 9:00 до 12:40 часот.
Повикот EIT Community Booster за стартување или зголемување е отворен во текот на следните два месеци. EIT Community Booster (https://europa.eu/new-european-bauhaus/delivery_en), како дел од New European Bauhaus, ги комбинира најдобрите програми за развој на бизниси понудени од EIT Manufacturing, EIT Digital, EIT Climate, EIT Food, and EIT Urban Mobility.