Советот на Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) на шестата редовна седницата што се одржа на 14 јуни 2016 година го усвои Годишниот извештај за работата на МРФП во 2015 година, со финансискиот извештај и независното ревизорско мислење.
Тетјана Лазаревска, извршен директор на МРФП ги презентираше главните поенти од Извештајот. Таа истакна дека МРФП го надминал планот и во вкупниот износ на исплатени кредити и во бројот на клиенти. „Исплатени се кредити во износ од над 204 милиони денари кон 1.058 клиенти“, рече Лазаревска и додаде дека кумулативно, вкупно исплатените кредити од почетокот на работата на МРФП до крајот на 2015 година е над 2,8 милијарди денари (45,8 милиони евра) кон 13.057 клиенти, со што се поддржани вкупно 19.092 постојни и 5.165 планирани работни места.
Што се однесува до делот за промоција на претприемништвото, Лазаревска истакна дека е спроведено Глобалното истражување за претприемништвото за 2015 г. за Македонија, дека МРФП финансиски ги поддржал активностите на СКСЗМ за градење на нивните капацитети и дека по деветти пат се избрани најдобрите претприемачи на микро и мали претпријатија. Таа зборуваше и за реализираните активностите во рамки на проектот „ПАТ – Кон алтернативен туризам“ финансиран од ЕУ.
Членовите на Советот изразија задоволство за постигнатите одлични резултати на МРФП и едногласно го усвоија Годишниот извештај за 2015 со финанскисиот и Ревизорското мислење.