
МРФП учествуваше на конференција насловена “Внимавајте на јазот: Банкарски прифатливи пристапи за зголемување на пристапот до финансии”.
Обуките подржани од МРФП дадоа насока за подобро планирање на стратегијата на ССК и разбирање на институционалната поставеност на ССК, добрите и лошите страни како и можностите за напредок.
“Република Македонија неодамна го доби статусот земја кандидат за членство во ЕУ. Сметавме дека оваа година одбележувањето на Денот на Европа треба да биде од големо значење. Имајќи предвид дека економскиот раст е еден од главните предизвици со кои се соочува Македонија оваа година како интегрален елемент на прославата на Денот на Европа организираме настан посветен на претприемништвото именуван како: “Европски ден на претприемачот”, велат организаторите.
Претставници на финансиски институции од Македонија се сретнаа и разменија информации со колеги од Хрватска. Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) организира посета на финансиски институции во Хрватска во која беа вклучени финансиските посредници на МРФП: Тутунска банка АД Скопје, Извозна и кредитна банка АД Скопје и Штедилница Можности.
Македонските банкари беа задоволни од можноста да слушнат нови информации, идеи и да остварат контакти за потенцијални деловни потфати со врвни финансиски институции.






