На 29 април 2010 година Советот на МРФП ја одржа четвртата редовна седница. На седницата беше расправан, а потоа и усвоен Годишниот прогрес и финансиски извештај за 2009 година со Извештајот на независниот ревизор. Низ дискусиите провејуваше задоволство од постигнатите резултати во претходната година.
Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Центарот за развој на нови бизниси при Машинскиот факултет во Скопје (БСЦ), денес (29 декември 2009 година) го промовираа извештајот „Претприемништвото во Македонија“, во рамките на најголемото истражување за претприемништво во светот – Глобален монитор на претприемништво (ГЕМ).
Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) на 25.12.2009 година, во хотелот Стоун Бриџ во Скопје, потпиша договор за финансиска поддршка на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), за спроведување на новиот Стратешки план на на ССК.
Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) е еден од организаторите во изборот на најуспешни претприемачи на микро и мали претпријатија во Р. Македонија во рамките на традиционалниот настан - Претприемач на годината за 2009 г.
„Типичниот претприемач во Македонија е маж, на возраст од 18 до 34 години кој е подеднакво мотивиран за отворање бизнис поради потреба но и поради идентификација на можности“. Ова е профил на типичниот претприемач во земјата според резултатите од најголемото истражување за претприемништвото во светот - Глобален монитор на претприемништво (ГЕМ).