На 29 април 2010 година Советот на МРФП ја одржа четвртата редовна седница. На седницата беше расправан, а потоа и усвоен Годишниот прогрес и финансиски извештај за 2009 година со Извештајот на независниот ревизор. Низ дискусиите провејуваше задоволство од постигнатите резултати во претходната година.
Членовите на Советот го избраа Грант Торнтон – Скопје за независен ревизор на МРФП во периодот 2010-2013 година.