fbpx
Претприемач на годината
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

dodeleni nagradite pretpriemach na godinata 2014 1Во категоријата мали претпријатија првата награда му припадна на Васко Дамевски, менаџер на компанијата Ксенос, Демир Хисар, а втората на Сејди Шахсивари, менаџер на Урбан план констракшн од Тетово.

Првата награда во категоријата микро претпријатија му е доделена на Андреј Петковски, менаџер на компанија Ѓорго-комерц, Куманово, а втората на Звонко Трпковски, менаџер на компанијата Атлантик од Скопје.

На 16.12.2014 година (вторник), во хотелот Александар Палас во Скопје, беа доделени награди за најуспешните претприемачи на микро и мали претпријатија во Република Македонија.

Во двете категории, прво наградените претприемачи добија златни статуетки и ваучер наменет за маркетинг активности во износ од 50.000 денари, а второ наградените добија сребрени статуетки и ваучер наменет за маркетинг активности во износ од 25.000 денари. Наградата на Министерството за економија изнесува 120.000 денари.

Претселекцијата за избор на „Претприемач на годината – 2014“ беше направена врз основа на податоците од Централниот регистар на РМ. Имено, 27 микро и мало претпријатие, во периодот од 2011 до 2013 година, имаат реализирано раст по основ на број на вработени, вкупни приходи, добивка и инвестиции. Крајниот избор вклучи претприемачи кои изразија интерес за доставување податоци преку прашалник, посета на терен, анализа и бодирање, согласно однапред утврдени критериуми (посветеност на сопствена и обука на неговите вработени, маркетинг и стратегија на раст, инвестиции во истражување, развој и иновации и др.), и кои беа избрани за најдобри.

Главни организатори на Претприемач на годината 2014 се Сојузот на стопански комори на Македонија, Македонската развојна фондација за претпријатија и Стопанската комора на северозападна Македонија. Ко-организатор е Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење. Организатор и институционален покровител е Министерството за економија на Република Македонија. Спонзор на настанот беше Штедилница Можности.