Во категоријата мали претпријатија првата награда му припадна на Филип Спасовски, сопственик на Полиестердеј, Скопје, а втората на Сервет Ќазими, сопственик на млекара Сентис АГ.
Првата награда во категоријата микро претпријатија му е доделена на Боро Андоновски, управител на Абикс, Скопје, а втората на Јумни Бакији, управител на ЈУ-СМ, Брвеница.
Доделена е и специјална награда за претпријатието ХЗМ Лабс – екстрим лабс од Битола и неговиот менаџер Пеце Ангелкковски– плакета за „Најиновативно претпријатие во 2012 година”.
На 17 декември 2011 година, по шести пат беше организирана манифестацијата „Претприемач на годината” која има за цел да го поттикне претприемачкиот дух во земјата, преку промоција на успешни примери.
Во категоријата мали претпријатија првата награда му припадна на Филип Спасовски, сопственик на Полиестердеј, Скопје, а втората на Сервет Ќазими, сопственик на млекара Сентис АГ.
Првата награда во категоријата микро претпријатија му е доделена на Боро Андоновски, управител на Абикс, Скопје, а втората на Јумни Бакији, управител на ЈУ-СМ, Брвеница.
Во двете категории, прво наградените претприемачи добија златни статуетки и ваучер наменет за маркетинг активности во износ од 50.000 денари, а второ наградените добија сребрени статуетки и ваучер наменет за маркетинг активности во износ од 25.000 денари.
Министерот за економија Ваљон Сараќини, во рамките на тековниот проект „Признанија за најдобрите”, додели специјална награда за претпријатието ХЗМ Лабс – екстрим лабс од Битола и неговиот менаџер Пеце Ангелкковски– плакета за „Најиновативно претпријатие во 2012 година”.
Претселекцијата за избор на „Претприемач на годината – 2012” беше направена врз основа на податоците од Централниот регистар на РМ. Имено, 114 микро и мали претпријатија, во периодот од 2009 до 2011 година, имаат реализирано раст по основ на број на вработени, вкупни приходи, добивка и инвестиции. Крајниот избор вклучи претприемачи кои изразија интерес за доставување податоци преку прашалник, посета на терен, анализа и бодирање, согласно однапред утврдени критериуми меѓу кои: посветеност на сопствена и обука на неговите вработени, маркетинг и стратегија на раст, инвестиции во истражување, развој и иновации и др.
Главни организатори на Претприемач на годината 2012 се Сојузот на стопански комори на Македонија, Македонската развојна фондација за претпријатија и Стопанската комора на северозападна Македонија. Ко-организатор е Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење. Организатор и институционален покровител е Министерството за економија на Република Македонија. Спонзор на настанот беше Штедилница Можности, додека медиумски спонзори беа Нова Македонија, Македонската радио-телевизија, Канал 5 телевизија, Офф нет, Плус инфо, Курир и Поинтер.