Во февруари 2023 г. МРФП започна со спроведување на проектот: „АгроСмарт – Развој на модерно и одржливо земјоделство” (“AgroSmart - Boosting modern sustainable farming”), во партнерство со Здружение Центар за едукација и претприемништво Можности и Хемера ДООЕЛ.
Со проектот ќе бидат поддржани малите земјоделци, преку инвестициски акции со кои ќе се намали јазот меѓу големите и мали производители. Посебен фокус ќе се даде на поддршката за иновативните инвестициони проекти и бизнис-операции во земјоделскиот сектор преку кои ќе се стимулира конкурентност и соработка меѓу земјоделците за овозможување на економични, дигитални и паметни решенија, подготвеност, отпорност и развивање на капацитети. Проектот е продолжение на напорите на МРФП за поддршка на земјоделските задруги, преку претходниот ЕУ проект „Поддршка за земјоделски задруги“, но овој пат на следно и понапредно ниво, насочено кон соработка и пружање поддршка на иновативни (бизнис) идеи во земјоделството.
Општа цел: Зајакнат и рамномерен регионален развој, преку одржување на руралните области во Североисточниот, Полошкиот, Југозападниот и Преспанскиот регион, создавајќи поволна клима за живеење.
Специфична цел: Зголемен број на модерни и иновативни потфати од страна на земјоделците и земјоделските задруги преку поддршка за развој, раст и промовирање на иновативни идеи и технолошки напредок.
Целна група: Земјоделците кои ќе имаат значителна придобивка од употреба на напредни технологии со што ќе станат поконкурентни на пазарот. Земјоделските задруги на кои ќе им се овозможи развој и раст преку имплементирање на иновативни решенија. Младите и жените на кои им е потребна техничка и финансиска поддршка. Произведувачи, организации/асоцијации на произведувачи и локални бизнис организации кои можат да бидат лидери за модернизација во земјоделието.
Со проектот се предвидени следните резултати:
- Информирана и охрабрена целна група за создавање и развој на иновативни инвестициони проекти и бизнис организации преку поттикнување на соработката помеѓу земјоделците во поголеми форми на земјоделски организации.
- Обезбедена финансиска и техничка поддршка (градење капацитети) за:
а) Промовирање на иновативни инвестиции,
б) Подобрување на конкурентноста преку соработка на иновативни земјоделски чинители. - Успешна реализација на грантова шема според правилата на PRAG и техничка поддршка за развој на иновативни земјоделски потфати.
- Подигната свест за модернизација и иновација во земјоделството и видливост на поддршката од ЕУ.
Проектот ќе придонесе за зајакнување и балансиран регионален развој на руралните земјоделски претпријатија во земјата и на регионално ниво.
Проектот е финансиран од Европската Унија и е со времетраење од 24 месеци.