Во март 2024 г. МРФП во партнерство со Џуниор Ачивмент Македонија и ЦЕП Можности ги започна активностите од проектот „Зелена младина, зелен раст“ (“Green Youth, Green Growth”).
Целна група: Ученици од формалниот образовен систем, граѓанските организации и медиумите.
Општа цел: Да се придонесе кон процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ, преку креирање на зајакнато граѓанско општество, медиумски организации и младите кои активно придонесуваат во секторските реформи кон процесот на интеграција во ЕУ.
Специфична цел: Зајакнати, поддржани и посветени граѓански организации, млади и медиуми во областите на Зелената агенда, вклучувајќи заштита на животната средина, климатските промени и циркуларна економија.
Со проектот се планирани три групи на активности кои ќе придонесат до: подобрена еколошка одржливост, благосостојба на заедницата и зајакнат напредок согласно Зелената агенда за Западен Балкан. Со спроведување на првата група активности ќе се придонесе кон повеќе обучени наставници и млади во процесот на формалниот образовен систем за циркуларна економија, заштита на животната средина, климатски промени и зелено претприемништво, а со тоа ќе се поттикнат и младинските иновативни зелени идеи како решенија за еколошките предизвици. Втората група активности предвидува поддршка и зајакнување на локални граѓански организации кои се активни во областа на 5-те столбови на Зелената агенда и кои ќе доведат до подобрени еколошки практики и зголемена отпорност на заедницата. Последната група активности предвидува мапирани добри зелени практики, креирана и спроведена кампања на социјалните медиуми и организирање завршен проектен настан.
Со проектот се предвидени следните резултати:
- Вкоренет начин на размислување и зголемен капацитет на младите за заштита на животната средина, климатските промени и циркуларната економија/претприемништво во рамките на формалниот образовен систем.
- Поддржани, зајакнати и активни локални граѓански организации во полето на 5-те столбови на Зелената агенда (циркуларна економија, климатски промени, биодиверзитет, борба против загадувањето и одржливи системи за храна и рурални области).
- Подигната јавна свест и информации за конкретни предизвици, придобивки и (потребни) активности на зелената агенда преку насочена кампања на дигиталните медиуми.
Времетраењето на проектот е 36 месеци.
Овој проект е финансиран од Европската унија.
Во февруари 2023 г. МРФП започна со спроведување на проектот: „АгроСмарт – Развој на модерно и одржливо земјоделство” (“AgroSmart - Boosting modern sustainable farming”), во партнерство со Здружение Центар за едукација и претприемништво Можности и Хемера ДООЕЛ.
Со проектот ќе бидат поддржани малите земјоделци, преку инвестициски акции со кои ќе се намали јазот меѓу големите и мали производители. Посебен фокус ќе се даде на поддршката за иновативните инвестициони проекти и бизнис-операции во земјоделскиот сектор преку кои ќе се стимулира конкурентност и соработка меѓу земјоделците за овозможување на економични, дигитални и паметни решенија, подготвеност, отпорност и развивање на капацитети. Проектот е продолжение на напорите на МРФП за поддршка на земјоделските задруги, преку претходниот ЕУ проект „Поддршка за земјоделски задруги“, но овој пат на следно и понапредно ниво, насочено кон соработка и пружање поддршка на иновативни (бизнис) идеи во земјоделството.
Општа цел: Зајакнат и рамномерен регионален развој, преку одржување на руралните области во Североисточниот, Полошкиот, Југозападниот и Преспанскиот регион, создавајќи поволна клима за живеење.
Специфична цел: Зголемен број на модерни и иновативни потфати од страна на земјоделците и земјоделските задруги преку поддршка за развој, раст и промовирање на иновативни идеи и технолошки напредок.
Целна група: Земјоделците кои ќе имаат значителна придобивка од употреба на напредни технологии со што ќе станат поконкурентни на пазарот. Земјоделските задруги на кои ќе им се овозможи развој и раст преку имплементирање на иновативни решенија. Младите и жените на кои им е потребна техничка и финансиска поддршка. Произведувачи, организации/асоцијации на произведувачи и локални бизнис организации кои можат да бидат лидери за модернизација во земјоделието.
Со проектот се предвидени следните резултати:
- Информирана и охрабрена целна група за создавање и развој на иновативни инвестициони проекти и бизнис организации преку поттикнување на соработката помеѓу земјоделците во поголеми форми на земјоделски организации.
- Обезбедена финансиска и техничка поддршка (градење капацитети) за:
а) Промовирање на иновативни инвестиции,
б) Подобрување на конкурентноста преку соработка на иновативни земјоделски чинители. - Успешна реализација на грантова шема според правилата на PRAG и техничка поддршка за развој на иновативни земјоделски потфати.
- Подигната свест за модернизација и иновација во земјоделството и видливост на поддршката од ЕУ.
Проектот ќе придонесе за зајакнување и балансиран регионален развој на руралните земјоделски претпријатија во земјата и на регионално ниво.
Проектот е финансиран од Европската Унија и е со времетраење од 24 месеци.
Македонската развојна фондација за претпријатија МРФП заедно со организацијата водечки апликант INI-Novation GMBH од Германија и партнерските организации WissenschaftsinitiativeNiederösterreich – WIN (Австрија), Zavod ID20 (Словенија) и Connexions Information Communication technologies for education and social impact (Грција), го спроведуваат проектот со наслов: „Развој на вештини за дигитализација во земјоделството - АгриСкилс“ во рамки на програмата Еразмус+. Проектот е со времетраење од 01.02.2022 г до 31.03.2024.
Интернет страница:
www.agriskills40.com
Општа цел на проектот e создавање на услови одржлив развој на земјоделството во руралните области.
Специфична цел: Развој на земјоделството во руралните области преку обука за претприемништво и дигитализација на земјоделството.
Целна група се:
- Земјоделци од руралните области со интерес за развој на сопствен бизнис и модернизација на истите.
- Микро, мали и средни претпријатија од руралните области.
- Регионални институции за развој на руралните области и
- Пошироката јавност
Проектот ги реализираше следните главни резултати/активности:
- Развој на модуларна обука со цел поттикнување на претприемачки вештини и вештини за дигитализација во секторот земјоделие
- Развој на онлајн платформа за обука
- Развој на каталог на добри практики за дигитална трансформација во земјоделието.
МРФП учествуваше во сите активности, а беше координатор на првата група на активности каде што се беа развиени 5 модули за обука и тоа:
- Вовед во дигитализацијата во земјоделството
- Дигитални вештини за подобрување на земјоделскиот бизнис
- Управување со земјоделски бизнис во дигиталната економија
- Создавање економски синџир на вредности во земјоделството со употреба на дигитални технологии
- Финансирање на дигиталната трансформација на земјоделскиот бизнис
Повеќе информации за програмата и пристап до платформата за самостојна обука и каталог на добри практики можете да најдете на следните линкови:
MРФП во февруари 2022 г. започна да ја спроведува програмата: „Потпри се на младите”. Оваа програма се спроведува во партнерство со Рурална Коалиција, Џуниор Ачивмент Македонија и ЕЛИТ – Здружение на жени менаџери.
Со програмата ќе бидат поддржани младински активности насочени кон иновации во локалните заедници и активности кои го подобруваат социо-економскиот живот на локално ниво. Посебен фокус е даден на таргетирање на соработката со локалните младински совети и локалните младински клубови.
Целна група се младинските заедници во руралните средини од Североисточниот, Пелагонискиот, Полошкиот и Југозападниот плански регион кои имаат ограничени капацитети и пристап за иницирање иновативни решенија за локални проблеми, мерки кои поддржуваат просперитет, вработување и социјални услуги во рамки на нивните заедници.
Општа цел: Подобрување на квалитетот на живот на младите во локалните заедници преку поттикнување и зголемување на младинскиот активизам и волонтеризам.
Специфична цел: Зголемување на капацитетите на младите за организирано дејствување во локалните заедници кои припаѓаат на Североисточниот, Пелагонискиот, Полошкиот и Југозападниот плански регион, преку обезбедување финансиска и техничка поддршка преку обуки, менторство и финансиска поддршка за нивните идеи.
Со програмата се предвидени следните резултати:
- Идентификувани модели за вклучување на младите во процесот на давање услуги на руралното население во насока на социјално и економско зајакнување на руралните заедници.
- Создадена специјализирана програма за обука за активно делување на младите и жените во руралната заедница (давање услуги, развој на меки вештини, бизнис планови за одржливи бизниси и активности кои ќе го подобрат квалитетот на животот во руралната заедница).
- Најмалку 150 рурални млади и жени со развиени капацитети и вештини за активно вклучување во заедницата како даватели на услуги или основачи на социјални претпријатија.
- Формиран локален младински совет во најмалку 3 рурални општини во пилот планските региони на работа.
- Поддржани најмалку 5 младински клубови со развиени капацитети за младински активизам и креирање на социо-економски иницијативи во руралните заедници.
- Финансиски поддржани минимум 10 социо-економски младински иницијативи и зајакнати организациски капацитети.
- Промовирани позитивни примери и најдобри практики на успешни локални младински акции преку социјалните медиуми.
Времетраењето на проектот е 24 месеци.
Проектот е финансиран од Европската унија.
МРФП заедно со организацијата водечки апликант INI-Novation GmbH од Германија и партнерските организации BIC INNOBRIDGE (Бугарија), Budakov Films (Бугарија) Teleberry (Унгарија), Alanam (Франција) го спроведуваат проектот „CreatINNES – Стратегиско партнерство за иновации и развој на бизнис вештини во Културните и Креативните Индустрии“.
Општа цел на проектот е поддршка за создавање и развој на бизнисите во креативните и културни индустрии (ККИ сектор), со фокус на „аудио-визуелниот“ сектор и искористување на потенцијалот на Европското културно наследство преку создавање иновативни програми за развој на технички (ВЕТ) обуки за старт-апи и фриленсери.
Специфична цел: Развој на претприемачко образование и потребни вештини за ККИ секторот.
Проектот се состои од пет главни компоненти / активности:
- Анализа и дефиниција на потреби за обука, квалификација и доквалификација во ККИ секторот.
- Развој на повеќејазични тренинг програми за комбинирано предавање (blended learning) за претприемништво наменети за ККИ фриленсери и старт-апи.
- Развој на повеќејазични тренинг програми за комбинирано предавање „Креативно размислување за иновација“ наменети за (дигитални) стар-апи.
- Веб-платформа за комбинирано предавање „КреатИННЕС Академија“
- Методологија за комбинирано предавање „КреатИННЕС“
МРФП ќе учествува во сите активности и ќе биде координатор на организација на таканаречените мултипликатор настани кои ќе бидат организирани со цел споделување на информација за проектот до локалните чинители, демонстрација на повеќејазичните тренинг програми за комбинирано предавање и тестирање на истите.
Времетраењето на проектот е 36 месеци на проектот е 36 месеци и ќе трае од 01.09.2018 г. до 31.08.2021 г.
Вкупниот буџет на проектот изнесува 358.480,00 евра од кои буџетот на МРФП е 65.245,00 евра. Проектот е финансиран од Европската Комисија.






