fbpx
Претприемачки примери
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

Novite investicii kje otvorat novi rabotni mestaНа кејот на реката Вардар во Гостивар се наоѓа „Милениум“, една од најстарите авто перални и вулканизерски работилници во градот. Основана е на почеток од овој милениум, по кој и го добива називот, од страна на Зија и Фикрета Акики. Понудата е надополнета со продавница за авто козметички производи од најпознати брендови и кафуле, каде што клиентите можат да ги почекаат нивните автомобили со вкусно кафе.

„Автомобилите се мојата пасија“, вели Зија Акики. По неколкугодишното работење надвор од земјата, Зија се вратил во родното место и одлучил да и се посвети на својата пасија. Минувал многу време околу својот автомобил, посветувал внимание на неговата чистота и исправност па затоа, професионално занимавање со автомобилите му било како логичен след на работите.

Според семејството Акики, квалитетните работници се клучот за успехот и опстанокот на компанијата на пазарот скоро 20 год. Дел од вработените се со нив од самите почетоци на компанијата.

Во иднина планираат да инвестираат во уште една перална на друга локација во Гостивар. На овој начин, ќе обезбедат дополнителни работни места и ќе можат да го купат објектот каде што се наоѓа постоечката перална. За реализација на своите планови ќе продолжат да ги користат средствата од кредитната линија на МРФП пласирани преку микрокредитна фондација „Хоризонти“.