По воениот конфликт во 2001 година, во Македонија голем број на куќи и објекти биле разурнати или уништени. Во таквата ситуација, семејството Куќи, решиле да им излезат во пресрет на потребите на граѓаните, а воедно да си помогнат и себеси. Така решиле да ја отворат продавницата „Бау хаус профи“ во која ќе продаваат различни видови алат од реномирани брендови.
Во првите месеци, па и години, алатот бил специјализиран за потребите на градежништвото. Но, потоа, постепено почнале да увезуваат и високо квалитетен алат за автомеханичари, лимари и други занаетчии.
Трговијата не им била непознато поле бидејќи, и претходно поседувале мала продавница за железарија со голем асортиман на артикли, која во 2002 година, со промена на асортиманот всушност е зачеток на успешниот бизнис кој и ден денес опстојува во Тетово.
Од пред неколку години, со бизнисот раководи Рилинд Куќи, кој по ненадејната смрт на неговиот татко го наследил кормилото и продолжува со успешното работење. Големиот број задоволни клиенти се доказ за успешноста. Меѓу нив се и најголемите компании од Тетово.
Планови за иднината им се насочени кон зголемување на асортиманот на производи од брендовите кои веќе ги застапуваат (Metabo, Milwauekee, AEG) но, не ја исклучуваат можноста за соработка и со нови брендови. За да ги реализираат плановите, ќе продолжат да ги користат кредитите на НЛБ Банка, од кредитната линија на МРФП.