fbpx
Претприемачки примери
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

So dobra ideja i kvalitet do inovativni proizvodiПриказната за АЦДЦ ДЦАЦ започнува во 1994 година со отворање на сервис за аудио и видео опрема, со 7 вработени. Со тек на време, приходите од сервисирање на производите се намалувале, па во 1998 година започнале со склопување на Самсунг телевизори. Откако замрела и таа дејност, влегуваат во првиот проект за напојување на уреди со користење Со добра идеја и квалитет до иновативни производина ДЦ-ДЦ конвертор.

Со нивните производи опремуваат голем број на репетитори низ земјава, а во 2002 година, Иван Поповиќ и Вангел Димановски, доаѓаат до идејата за изработка на повеќестепени пренапонски заштитни уреди, за кои стануваат и добитници на Гран При награда. Овие заштитници претставуваат иновативен производ, не само во Македонија, туку и на Балканот. „Идеални се за заштита од прегорување и продолжување на векот на компјутерска, телекомуникациска и медицинска опрема, радио базни станици, безжични системи“ велат сопствениците на АЦДЦ ДЦАЦ.

Така, АЦДЦ ДЦАЦ станува водечка, иновативна компанија и специјалист за производство во областа на мулти-фазна пренапонска заштита, инженеринг и комплетна изведба и инсталација на уреди за непрекинато електрично напојување: УПС, напонски стабилизатори, инвертори, батерии, како и уреди за енергетска ефикасност на електричната опрема. Нивниот асортиман брои 53 производи. Нивни најголеми деловни соработници се: телеком-компании, телевизии, државни институции, болници и други.

Во 2007 година, компанијата се шири и на меѓународниот пазар, кога мобилен оператор од Мостар, Босна и Херцеговина станува купувач на нивните производи.

Покрај Гран При, добитници се и на многу други награди, како Патент на годината, Најиновативна компанија од технолошки аспект итн.

Следен чекор на компанијата е соларна енергија. Нивната идеја е лансирање на нивниот нов производ од оваа област: SunSmart соларен инвертор од 1КV и 2КV. Станува збор за иновативен производ, со ефтина инсталација и временска исплатливост од 5 години, воедно достапен за сите.

Кредитот од МРФП, преку НЛБ банка, го употребиле за набавка на обртни средства, односно репроматеријали кои им се неопходни за склопување на сите производи. За да успеат во иднина да ги реализираат сите свои идеи, ќе им бидат потребни дополнителни финансиски средства и помош од финансиските и државните институции.