Во селото Карбинци, Штипско, живее и работи Славчо Данев со своето семејство. Тие активно се занимаваат со земјоделство и сточарство целиот свој живот. Скоро сите должности околу земјата и добитокот Славчо Данев ги врши со својот син и со помош на двајца вработени.
Главната дејност од која остваруваат приходи од 1988 г. им е одгледувањето на молзни крави. Денес имаат 60 грла за кои се грижат и ги одгледуваат, а започнале со само 4 крави. Од нив добиваат околу 600 литри млеко дневно, кое потоа го продаваат на млекарите „Осогово Милк“ и „Штипска Млекара“. Се занимаваат и со сопствено производство на храна за добитокот, одгледуваат: пченка, пченица, јачмен и други земјоделски култури на вкупна површина од 49 хектари.
Славчо Данев постојано инвестира во нова опрема. За таа цел и му биле потребни паричните средства од кредитот. Набавил роло-балирача и половен трактор со кои ја комплетирал целосната механизација која му е потребна за обработување на земјата. „Инвестирањето во механизација и опрема е од витално значење за функционирањето на бизнисот, посебно во сегашни услови во кои тешко се наоѓа работна снага″ - вели Славчо.
Во иднина планираат да ja зголемат површината на земја која ја обработуваат и да продолжат да се занимаваат со одгледување на крави заедно со неговиот син.
„Мене многу ми е мило што постојат и микрофинансиски организации, како што е штедилница Можности, кои даваат кредити и на микро претприемачи. Преку редовната исплата на кредитите ќе изградам добра кредитна историја, за да можам во иднина да побарам и поголеми износи на кредити за поголеми инвестиции“ - вели Славчо.