fbpx
Претприемачки примери
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

vaso-jovanovskiВасо Јовановски од с. Галата, општина Врапчиште, прв пат ја користи можноста за заем од кредитната линија на МРФП. Со него, ја доградил шталата и поставил боксови за свињи.

“Откако останав без работа, морав некако да се снајдам. Така на почетокот купив неколку маторици и прасиња. Веќе седум години се занимавам со ова. Сега имам 6 маторици, 1 вепар и 30 мали прасиња. И децата и сопругата ми помагаат”, раскажува тој, не криејќи го задоволството од она што го постигнал.

Васо планира да земе уште пет крави, бидејќи има голема побарувачка за млеко. На овој начин тој планира да ја обезбедува егзистенцијата за семејството и да им овозможи на децата пристојно образование. “Ќерка ми е одлична ученичка”, се пофали тој, “беше четврта на натпреварите по хемија во Македонија, штета би било да не продолжи со школувањето. Затоа јас ќе направам се за да продолжи со училиштето”, вели Васо Јовановски на крајот на нашиот разговор.