fbpx
Претприемачки примери
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

rasim-dzemiliКако и секој друг жител од селото Пирок, општина Боговње, и Расим Џемили, 15 години поминал на печалба. Тој и неговото семејство имаат слаткарница во Загреб, но Расим се одлучи да се врати и да започне поинаков семеен бизнис, одгледување крави и телиња.

“Слаткарството е напорна работа. Станувавме во шест наутро, а легнувавме во еден по полноќ. Заработувачката е добра, ама и за здравјето треба да се грижиме”, вели Расим. “Пред три и пол години, му реков на татко ми дека се враќам дома. Тогаш купив 5 крави и 10 телиња. Секој почеток е тежок, но човек се снаоѓа. Минатата година, од еден пријател слушнав дека во “Можности” даваат кредити. Решив да побарам и ми одобрија”, раскажува Расим.

Заемот од МРФП одобрен преку штедилницата “Можности”, е висина од 6,000 евра. Расим Џемили со него купил две крави и пет телиња, и донел вода до шталата, за да им ги подобри условите за живот. Сега има 7 крави и 18 телиња. Од кравите добива 140 литри млеко, од кои 100 литри ги продава на млекарницата “Хит 73”, додека другите ги продава во селото. Од продажбата на млекото тој ги отплатува ратите од заемот.

“Сега околу работите во шталата ми помага и мојата сопруга. Освен од продажбата на млеко, приходи остваруваме и од продажбата на телињата. За да ги намалам трошоците, храна за стоката добивам во замена за житото од моето поле”, вели Расим.

Расим Џемили планира да го отплати овој и да земе уште еден заем за да го зголеми бројот на кравите и телињата.