fbpx
Претприемачки примери
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

cane-trpenoskiКога стигнавме во фабриката за производство на врати и прозорци од дрво “Молика” во Битола, Цане Трпеноски и неговиот брат облечени во работничка униформа веќе интензивно работеа заедно со нивните вработени. Оваа слика може да се види веќе 20 години, од кога го наследиле бизнисот од нивниот татко.

“Конкуренцијата од домашните преработувачи и производители е многу силна и затоа мора секој ден да се работи напорно”, вели Цане.

Заемот од кредитната линија на МРФП, во износ од 38.000 евра, го обезбедиле преку финансискиот посредник ИК Банка. Со средствата ги купиле речиси сите машини кои сега ги поседуваат. Целата стара опрема била уништена во пожар.

Браќата Трпеноски за прв пат користат заем од кредитната линија на МРФП. Во фабриката сега се вработени 20 работници кои секој ден интензивно работат за да ги задоволат потребите на нивните клиенти. Со новите машини се зголемил и бројот на вработени од 15 на 20.

Во фабриката произведуваат врати и прозорци и целото производство го пласираат на домашниот пазар.