fbpx
Претприемачки примери
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

slobodan-endzekievОдејќи кон патот за Богданци, од десната страна може да се види едно модерно здание каде е сместена фабриката за производство на прозорци и врати од ПВЦ „Ники Марјана”. Сопственикот на фабриката, Слободан Енџекиев, е горд што успеал во производствениот процес да го воведе стандардот ИСО 14001, највисок еколошки стандард. Според него, „Ники Маријана” е единствена во Македонија за производство на врати и прозорци која го има воведено овој висок еколошки стандард.

„Сега слободно можеме да им конкурираме на фирмите од Европската Унија и со цената и со квалитетот” – вели Слободан. По 12 години работа, Слободан успеал да изгради модерен производствен погон. Сакајќи да го зголеми производството, тој се решил да побара кредит. Кредитот во износ од 20,650 евра го обезбедил преку ИК банка каде дел од средствата се од кредитната линија на МРФП, вложил и сопствени средства и го проширил погонот.

Со проширувањето на производствениот погон, се зголемил и бројот на вработените кој сега изнесува 20 вработени.