fbpx
Претприемачки примери
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

almir-hamzikАлмир Хамзиќ и неговата сопруга биле на печалба во Дубаи. Во една прилика виделе машина со која може да се гравираат дводимензионални и тридимензионални апликации на кристални коцки. Брачниот пар решил да се врати во Македонија, да набави таква машина и да започне сопствен бизнис. „Одлуката беше тешка”, се присетува Алмир, „сепак со сопругата решивме да се вратиме во родниот крај”. Машината ја набавиле во Кина.

Досега се многу задоволни од работата. Поголемиот дел од средствата за набавка на машината ги обезбедиле преку кредит од Тутунска банка каде им била понудена кредитната линија на МРФП. Со кредитот во износ од 50.000 евра и со сопствени средства во износ од 12.000 евра успеале да ја набават машината. Интересно е тоа што целата набавена опрема е подвижна, па лесно може да се постави на различни места, особено на локации каде се движат повеќе луѓе. Алмир и неговата сопруга постојано се во движење. Во лето атрактивни се туристичките места. Со машината успеваат да изгравираат различни мали апликации, како на пример привезоци за клучеви со портретите на клиентите.

Алмир е обучен за употреба на машината. Според неговите изјави оваа машина е единствена во регионот, па затоа тие размислуваат да работат и надвор од Македонија.