Претпријатието „Супер груп“ веќе 13 години произведува таан алва. Освен алвата, произведуваат уште таан, сириште-маја, диетални производи и ладно цедено масло. „Успеавме да се одржиме сиве овие години“, вели Уљкер Дишо, управител на фирмата. „Имавме и добри и тешки времиња. На почетокот произведувавме помали количини, потоа со текот на време го зголемувавме производството. Денес можам да бидам горд на тоа што сме го постигнале како фирма“, вели Дишо.
„Супер груп“ е една од двете фирми во Македонија што произведуваат таан. Тие исто така ги произведуваат диеталните производи за „Виталија“. „Порано извезував во Хрватска и во Косово. Денес е малку потешко со извозот, па така повеќе сме ориентирани кон домашниот пазар“, вели Уљкер Дишо. Плановите на „Супер груп“ се да се прошири објектот. За оваа намена и за обезбедување репроматеријали тие користат кредит во висина од 10.500 евра од кредитната линија на МРФП. „Во денешно време сите се плашиме дали инвестицијата ќе ни се врати“, вели Дишо. „Продажбата тешко оди. Потребен е маркетинг и квалитетни луѓе со квалификации“, додава тој.
Се надеваме дека плановите на Уљкер за проширување на бизнисот наскоро ќе се остварат.