Ова е мотото на Владимир Јорданоски кој професионално се занимава со земјоделство од 2001 година. Започнал со површина од 400 метри квадрати. Земјиштето го обработувал заедно со сопругата, а за продажбата на пазарите се грижел самиот. „Имам одличен пласман”, вели Владимир и објаснува дека производите ги продава на Зелен пазар во Скопје, на Кванташки пазар, во Скопје и на одреден број на продавници во малопродажба. „Никогаш не продавам неквалитетни (расипани производи)”, вели тој.
Со кредитот чија вкупна вредност изнесува 21.750 евра, Владимир изградил пластеници на површина од 3 декари, инсталирал дополнително парно за затоплување на пластениците и направил систем за наводнување и оросување.
„По подигнување на пластениците производството значително се зголеми”, вели Владимир. Поради тоа, вработил едно лице за продажба на производите. Она што му создава проблеми се високата конкуренција, незаштитеното домашно производство и големио број трговци.
Владимир планира да купи пет декари земјиште во населбата Јурумлери. Освен тоа, планира да сади јагоди и тоа преку изградба на конструкција за вметнување на дополнително висечко легло на јагоди во веќе постоечките пластеници со цел поголема искористеност на изградените пластеници со што во истите тие би се одгледувале повеќе видови раноградинарски култури. Во пластениците кои што ги имал пред да го земе кредитот тоа не било можно.
За да може да започне со бизнисот му биле потребни дополнителни извори за финансирање.