Цел на проектот беше запознавање со искуствата на холандскиот финансиски сектор во поддршката на развојот. Проектот треба да придонесе кон подобрен пристап до финансиски услуги и поддршка на воспоставувањето на соодветна околина за развој на ММП.
Целна група на проектот беа земјоделци и претприемачи. Директни корисници на проектот беа претставници на врвните раководства на финансиските посредници.
Локацијата на активноста беше Кралството Холандија.
Проектот го спроведе МРФП во соработка со НФЏ – Нетхерландс Финанциал Сецтор Девелопмент Еџцханге.
Активности:
Во рамки на проектот беше спроведена дводневна посета на следниве институции во Холандија: АБН АМРО, ИНГ, Рабобанк, Триодос, државната развојна банка ФМО, Гарантниот фонд при холандското Министерство за економски прашања и Здружението на холандски банки. Во рамките на посетите беа опфатени повеќе теми зависно од специфичноста на секоја институција.
Резултати:
На студиската посета учествуваа врвните раководства на финансиските посредници на МРФП: НЛБ Тутунска банка, ИК банка и Штедилница Можности, како и на Македонската банка за поддршка на развојот. Учесниците наведоа неколку користи од посетата: можност за нови информации, идеи, контакти и деловни потфати со врвни финансиски институции, добра организација. Најдобро е оценета посетата на МСП одделението на ИНГ во Утрехт, а потоа и Триодос.
Проектот беше спроведен во периодот февруари – март 2006 г. Додека посетата беше реализирана во периодот 8 - 12 февруари 2006 г.
Вкупниот буџет на проектот изнесуваше 1,025,870 денари, а кофинансирањето од МРФП изнесуваше 715,844 денари.