Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) ги поканува сите заинтересирани субјекти – правни лица да учествуваат во тендерска постапка за набавка на: советодавни услуги за изработка на проектни апликации за земјоделски чинители (во понатамошниот текст: услуги).
Услугите ќе бидат наменети за заинтересираните и потенцијалните подносители на пријави за повикот за финансиска поддршка ИПА/2022/441-362-1/АГС за инвестиции во модерна опрема во секторот земјоделие кои можат да бидат: земјоделски задруги, организации на производители, земјоделски здруженија и правни лица регистрирани според законот за Трговски друштва во секторот земјоделство или преработка на земјоделски производи (овошје и зеленчук).
Право на учество на овој повик имаат сите заинтересирани правни лица кои ги исполнуваат условите наведени во тендерската документација.
Детален опис на потребната услуга е даден во тендерската документација и Описот на надлежности кој е составен дел на овој повик. (Прилог 1 - Преземи).
Изборот на најповолни понудувачи ќе се прави според принципот „најдобра понудена вредност (квалитет) за дадена цена“.
Тендерската документација е во прилог и вклучува:
- Инструкции за понудувачите
- Прилог 1. Опис на надлежности
- Прилог 2. Изјава за независна понуда (образец)
- Прилог 3. Организација и методологија на обезбедување на очекуваните услуги (образец)
- Прилог 4. Финансиска понуда (образец).
Заинтересираните понудувачи во својата понуда, покрај пополнетите обрасци наведени погоре потребно е да достават и CV (кратка биографија) на експертот/ите за испорака на бараните услуги.
Рокот за доставување на понудите е 13.11.2023 до 16:00 часот.
Индикативен период за спроведување на услугата е ноември - декември 2023 г.
Понудите се поднесуваат во оригинал на адреса: Македонска развојна фондација за претпријатија, ул. Никола Парапунов бр. 41а, 1060 Скопје со назнака: „За повик бр. 2/АГС/2023/“ или скенирани по е-маил на адресата
Оваа активност се спроведува во рамки на проектот „АгроСмарт – Развој на модерно и одржливо земјоделство“ кој е финансиран од Европската Унија и е спроведуван од МРФП во партнерство со Хемера ДОО и ЦЕП Можности.