Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) во име на проектот финансиран од Европската унија „АгроСмарт – Развој на модерно и одржливо земјоделство“ објави Повик за финансиска поддршка за: А) Промовирање на иновативни инвестициски проекти во земјоделството, шумарството и земјоделско-прехранбената индустрија, Б) Подобрување на конкурентноста преку унапредување на соработката меѓу земјоделците во Североисточниот, Полошкиот, Југозападниот плански регион и Преспанскиот регион.
Крајниот рок за достава на пријавите за грант е продолжен до 27 декември 2023, 16:00 часот по локално време.
Вкупниот индикативен износ на инвестициските акции поддржани во рамките на овој повик за поднесување финансиска поддршка е 23.494.845 денари. Секоја инвестициска акција во рамките на овој повик за финансиска поддршка мора да се движи помеѓу следниот минимален и максимален износ:
- минимален износ: 1.230.000 денари
- максимален износ: 2.460.000 денари
За овој повик ќе се одржат информативни сесии. Точниот распоред и локации на информативните средби може да го погледнете ТУКА (преземи распоред). Сите заинтересирани кои сакаат да учествуваат на информативните сесии треба да изразат интерес преку е-пошта на:
Деталните упатства и потребните обрасци за аплицирање можете да ги преземете подолу:
- Повик за финансиска поддршка / Водич за подносители на пријави за грант
- Прашања и Одговори
- Известување за измена на повик
Обрасци за поднесување пријава:
Сите заинтересирани потенцијално подобни подносители можат да аплицираат за техничка помош (обука и менторство) за составување на пријавата и мобилизација на средства со изразување интерес на
Повик за пријава на интерес за обука/менторство
Проектот „АгроСмарт - Развој на модерно и одржливо земјоделство“ е финансиран од Европската унија, а е спроведуван од МРФП во партнерство со Хемера и ЦЕП Можности.