Извршниот директор на МРФП е извршен орган, односно орган на секојдневно управување со МРФП. Мандатот на извршениот директор на МРФП е пет години, започнувајќи од 01.01.2021 година, со право на повторни избори.
Кандидатите треба да исполнуваат општи и посебни услови:
- високо образование;
- најмалку 4 години работно искуство на раководни позиции;
- познавање на мисијата на МРФП и концептите на граѓанско општество;
- знаења за општ менаџмент, организациски развој и планирање, набљудување и оценување; за алокација на ресурси, буџет, финансиско раководење и известување; за основните концепти за раководење со човечки ресурси; и за системи и процедури.
- способност за водство, управување и мотивирање на другите; и за комуникација и презентација;
- да биде личност со висок интегритет, одговорност и отчетност; и со почит кон другите и прифаќање на разликите.
Пријавување се врши со:
- Биографија во формат на МРФП;
- Копија од диплома за завршен VII/1 степен на образование или повисок степен;
- Краток есеј за прашање од значење за МРФП (до три страници);
- Кратка изјава за сопственото видување на МРФП (до една страница);
- Кратка изјава за целите во кариерата (до една страница).
Преземете ги Описот на работното место, процедурата за избор и биографија во формат на МРФП
Јавниот конкурс е отворен од 05.11.2020 до 23.11.2020 година.
Документите треба да се достават на следната адреса:
Македонска развојна фондација за претпријатија
(за Јавен конкурс)
Пошт.фах 109
Ул. Никола Парапунов 41А
1060 Скопје
Или електронски на адреса: