fbpx
Огласи
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

Извршниот директор на МРФП е извршен орган, односно орган на секојдневно управување со МРФП. Мандатот на извршениот директор на МРФП е пет години, започнувајќи од 01.01.2021 година, со право на повторни избори.

Кандидатите треба да исполнуваат општи и посебни услови:

  • високо образование;
  • најмалку 4 години работно искуство на раководни позиции;
  • познавање на мисијата на МРФП и концептите на граѓанско општество;
  • знаења за општ менаџмент, организациски развој и планирање, набљудување и оценување; за алокација на ресурси, буџет, финансиско раководење и известување; за основните концепти за раководење со човечки ресурси; и за системи и процедури.
  • способност за водство, управување и мотивирање на другите; и за комуникација и презентација;
  • да биде личност со висок интегритет, одговорност и отчетност; и со почит кон другите и прифаќање на разликите.

Пријавување се врши со:

  • Биографија во формат на МРФП;
  • Копија од диплома за завршен VII/1 степен на образование или повисок степен;
  • Краток есеј за прашање од значење за МРФП (до три страници);
  • Кратка изјава за сопственото видување на МРФП (до една страница);
  • Кратка изјава за целите во кариерата (до една страница).

Преземете ги Описот на работното место, процедурата за избор и биографија во формат на МРФП

Јавниот конкурс е отворен од 05.11.2020 до 23.11.2020 година.

Документите треба да се достават на следната адреса:

Македонска развојна фондација за претпријатија
(за Јавен конкурс)
Пошт.фах 109
Ул. Никола Парапунов 41А
1060 Скопје

Или електронски на адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.