“Практичните вежби многу ми помогнаа да го разберам теоретскиот дел. Се надевам дека ова што го научив тука ќе го спроведам во понатамошната работа во мојата организација”, вели Марјан Комненов.
“Ова е нешто ново за мене. Досега не сум учествувал на ниту една обука. Сосема е поинаку кога ги слушаш темите на обука. Сега имам поинаква слика околу подготвувањето и спроведувањето на проектите или програмата. Најголем впечаток ми остави логичката рамка, како се поврзани работите една со друга, како сите работи си стојат на своето место. И како на секое прашање има одговор. Практичните вежби многу ми помогнаа да го разберам теоретскиот дел. Се надевам дека ова што го научив тука ќе го спроведам во понатамошната работа во мојата организација. Исто така, добра страна на обуката е дека се среќаваш со повеќе луѓе и разменуваш искуства”, ни кажа Марјан Комненов од Групата за развој на потсекторот домат и пиперка од Скопје.
Обуката Раководење со програма се одржа од 26 септември до 1 октомври, оваа година, во Скопје. На обуката учествуваа 15 активисти на здруженија на граѓани. На обуката учесниците беа запознаени со разликите меѓу проект и програма, а други теми беа креирање дијаграм на цели, логичка рамка, одржливост, алокација и управување со ресурси, креирање буџет, набљудување и оценување.
Обуката ја спроведоа Сунчица Саздовска и Валентина Чичева од Македонскиот центар за меѓународна соработка.