Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) е дел од програмата Learn-IP преку која беше развиена обука за правата на интелектуална сопственост. Истата е наменета за чинители од секторот на културен туризам и културно наследство и содржи 7 тренинг модули:
- Модул 1: Вовед во изучување на програмата интелектуална сопственост во културното наследство и културниот туризам.
- Модул 2: Како да се идентификуваат добрата во секторот културно наследство и културен туризам.
- Модул 3: Трансформација на добрата од областа на културното наследство и туризам во интелектуална сопственост.
- Модул 4: Како да идентификувате можности за искористување на заштитата на културното наследство и туристичките ресурси.
- Модул 5: Стратегија за користење на права на интелектуална сопственост и развој на бизнисот.
- Модул 6: Како да создадете синџири на вредности за валоризирање на интелектуалната сопственост во областа на културното наследство и културниот туризам.
- Модул 7: Како да се финансира создавањето на интелектуални добра во културното наследство и културниот туризам
Модулите се достапни на англиски и македонски јазик и истите може да ги користите преку бесплатно регистрирање на следната онлајн платформа https://moodle.learn-ip.eu/.
Покрај модулите, на самата платформа имате можност да го проверите своето знаење за интелектуална сопственост преку интересни вежби и квизови.
Проектот Learn-IP е спроведуван од страна на Македонската развојна фондација за претпријатија во партнерство со уште пет европски организации, Kultur und Arbeit од Германија, како водечка организација, и партнерите INI-Novation (Бугарија), Asociatia Pentru Turism Bucovina (Романија), Sociedad Regional de Educación, Cultura y Deporte (Шпанија) и Tergau & Walkenhorst Patentanwälte (Германија).