Денес е денот! Денес се одржува настанот Jumpstarter Pitch на EIT - European Institute of Innovation and Technology.
На овој возбудлив настан, во тесна конкуренција, учесниците во „Jumpstarter“ програмата ќе ги презентираат своите бизнис идеи и ќе одговараат на прашањата на стручните членови на жири комисијата. Од повеќе од 25 тима од преку 10 различни земји, 15 ќе бидат избрани за следната фаза од програмата „Jumpstarter“.
Преку оваа активност која е дел од меѓусекторската соработка на Центрите за иновации и знаење на ЕИТ, сакаме да промовираме сјајни идеи и умови во светот на претприемништвото во производствениот сектор. Со среќа на сите тимови!
EIT Jumpstarter програмата е најпрепознатливата, меѓу-индустриска програма за пред-акселерација спроведувана од ЕИТ. Преку поддршка од најдобрите експерти, соработка со креативната заедница и обезбедување на уникатно знаење оваа програма има за цел да ги поддржи сите носители на идеи да ги претворат истите во реален бизнис.
Македонската развојна фондација за претпријатија ќе ги споделува активностите од овогодинештиот циклус (кои се во завршна фаза), но ќе врши и најава на активностите од следниот циклус во кој може да учествуваат и македонски носители на идеи за развој на еден бизнис.
Повеќе информации специфично за EIT Jumpstarter програмата:
- https://www.facebook.com/EITJumpstarter/
- https://eitjumpstarter.eu/