ПОКАНА за учество на обуки на тема: Грижа за корисници и Промоција и продажба
Обуките ќе се одржат во хотелот Солферино во Струга и тоа: Грижа за корисници - 4 и 5 октомври 2011 г. Промоција и продажба на производи - 7 и 8 октомври 2011 г.
На обуките можете да слушнете повеќе за тоа:
- Како да ја планирате продажбата?
- Што е директна продажба, теле-продажба и продажба преку интернет?
- Како да реализирате продажба преку партнери и соработници?
- Која е психологијата на корисниците?
- Како да одговорите на потребите на клиентите и да обезбедите „повторни“ купувачи?
- Кои се секојдневните проблеми на бизнисите – а кои решенијата за нив.
Трошоците за обуките ги покрива организаторот. Вие треба само да одвоите дел од вашето време и да дојдете заедно да дискутираме за секојдневните проблеми со кои се соочувате, како и за можните решенија што ќе го унапредат вашиот бизнис.
Бидете активна учесничка и обезбедете си:
- Бесплатна промоција;
- Можност да посетите бизниси во Поградец, Република Албанија;
- Учество на саеми во Струга и Поградец;
- Можност за запознавање нови деловни соработници и клиенти/корисници
- Зголемена продажба и поголем профит.
На обуките можат да се пријават само претприемачки кои се регистрирани и вршат деловни активности во општина Струга.
Преземете ја пријавата за учество на обуката „Грижа за корисници“ и за „Промоција и продажба“, на
* Бројот на учеснички на обуките е ограничен. Предност ќе имаат претприемачки од мали и средни претпријатија кои се вклучени во туризам и имаат интерес за меѓугранична соработка со претпријатија од Република Албанија.
** Обуките ќе се одржат на македонски јазик со обезбеден превод на албански јазик.