Канцеларијата за врски на Европската Комисија во Приштина, Косово и МРФП на 3 ноември 2010 г. потпишаа договор за грант.
Проектот насловен „Диверзифицирани економски активности во регионот Запад, Косово“ го предводи МРФП, а партнери се локални акциони групи од четири општини од западниот економски регион: Пеќ, Дечани, Клина и Истог. Проектот цели кон развој на туризмот во регионот како дел од напорите за диверзифициран економски развој.
Предвидените активности опфаќаат: идентификување на туристичките потенцијали на регионот, градење на капацитети на битните чинители, промотивни активности и конечно мали инфраструктурни подобрувања. Вкупниот буџет на проектот изнесува 364,953 евра, од кои 90% се средства од Европската Унија, а по 5% учествуваат МРФП и партнерите.
За спроведувањето на проектот, МРФП основа странска невладина организација (како правна форма) во Косово и отвори канцеларија со седиште во Пеќ.