Јавен повик за понуди за избор на добавувач на добра за подобрување на туристичка инфраструктура.
„Македонската развојна фондација за претпријатија“ (МРФП) ги поканува сите заинтересирани субјекти да учествуваат во тендерска постапка за набавка и поставување на добра наменети за подобрување на туристичката инфраструктура во планинските подрачја на територија на општините Охрид, Струга, Вевчани и Дебарца. Под добра кои се предмет на набавка и поставување се подразбираат планински клупи и маси, видиковци, патокази, информативни табли, паркинг остави за велосипеди и друго, како што се предвидени во тендерската документација.
Тендерската постапка се спроведува во рамките на проектот „Кон алтернативен туризам“, финансиран од Европската Унија во рамките на ИПА Програмата за прекугранична соработка, а спроведуван од „Македонската развојна фондација за претпријатија“, во партнерство со организациите: Партнерс Албанија и Локалната агенција за развој од Струга.
Рокот за доставување на понудите е 25.11.2014 г. до 15:00 часот.
Право на учество имаат сите заинтересирани понудувачи кои подигнале тендерска документација и кои ги исполнуваат условите наведени во тендерската документација. Заинтересираните понудувачи можат да подигнат тендерска документација лично во „Македонската развојна фондација за претпријатија“ (МРФП), на адреса: ул. Никола Парапунов 41А, Скопје, преку контакт на телефон 02 3088996, или преку електронска адреса
Лице за контакт е Лазар Неданоски.