fbpx
Претприемачки примери
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

pp02Ресми Белули од струшкото село Делогожда по 20 години печалбарски живот во повеќе европски земји, се вратил во своето родно село за да го преземе семејниот бизнис – овчарството. Пробал и со други бизниси, па неколку години работел преку своја компанија за превоз на патници, но сепак се одлучил целосно да се посвети на овчарството.

Семејството Белули со генерации се занимава со сточарство, а овчарството секогаш им било примарната гранка. Љубовта и желбата за одгледување овци кај Ресми Белули започнала од мали нозе и трае до ден денешен.

Во моментов, три генерации Белули, Ресми, неговиот татко и синот, одгледуваат над 220 овци и обработуваат над 10 хектари земја на која произведуваат храна за добитокот. „Овчарството е тежок бизнис, бара многу работа и трпение. Во овчарството љубовта е пресудна за успехот. Ако не постои љубов, ако наутро не се будиш со желба за работа, сè е залудно и осудено на неуспех“, вели Ресми.

Ресми Белули е корисник на кредит од МРФП пласиран преку Штедилницата „Можности“. Парите од кредитот ги употребил за изградба на современ објект за чување на овците – штала во кој се подобрени условите за чување на овците, што треба да му донесе поголеми приноси. Тој планира да го зголеми стадото и да инвестира во нов трактор и механизација, но единствен проблем му е недостатокот на работна сила. За идните планови ќе продолжи да ја користи кредитната линија на МРФП.