fbpx
Претприемачки примери
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

pp01Во Куманово, наспроти автобуската станица, се наоѓа аптеката „Мак фарм“ во сопственост на Надежда Келешова –Тимчевска, во која голем дел од кумановците кои живеат во близината редовно набавуваат лекови. Во 2004 г. Надежда веднаш по дипломирањето на Фармацевтски факултет во Скопје, го реализирала долгорочниот план – да си работи во сопствена аптека.

Идејата за отворање аптека потекнува од нејзиниот татко кој бил прв доктор-гинеколог во нашата земја што работата во јавното здравство ја заменил со отворање приватна ординација уште во далечната 1991 г. Надежда го наследила претприемачкиот дух од татко ѝ кој секогаш ја подучувал и советувал да си биде „сам свој газда“ и да не мора да работи кај друг. „Јас уште од мала сум учена од татко ми да учам школо што ќе ми биде еден вид занает за во иднина да не зависам од никој за плата“, вели Надежда. Токму тој начин на размислување и долгорочните цели се најзаслужни за долгогодишната и успешна работа на аптеката „Мак фарм“.

Најголемиот дел од кредитот добиен преку финансискиот посредник НЛБ Банка, Надежда ги инвестирала во подобрување на енергетската ефикасност на објектот преку замена на старите прозорци и врати со ПВЦ и вградување парно греење. Дел од средствата се инвестирани и во уредување на магацинскиот и канцеларискиот простор. „Не бев во можност да инвестирам сама, па кредитот ми беше добредојден и еве, малку по малку, го исплатив без никакви проблеми, иако на почеток се плашев“ – дополни Надежда.

Таа во иднина планира да произведува галенски препарати според рецепти на доктори дерматолози. За да го оствари својот план, потребно ќе биде приспособување на објектот за да ги задоволи стандардите пропишани од Агенцијата за лекови и медицински средства – Малмед. Сега, по доброто искуство со претходниот кредит, Надежда планира со нов кредит од кредитната линија на МРФП да го реализира својот план за проширување на бизнисот.