fbpx
Претприемачки примери
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

naumovskiФабриката за производство на текстилна облека, специјализирана за производство на долна облека, Тритекс трејд, работи со полн капацитет во новите простории коишто се обезбедени преку заемот на МРФП. Ратко Наумовски, сопственикот на фабриката, е во текстилната индустрија веќе 14 години. Лошата економска состојба го натерала да започне да се занимава со овој бизнис за да обезбеди опстанок за семејството. На почеток бизнисот бил семеен со само тројца вработени но, со напорна работа, Наумовски успеал да направи рентабилна фирма, која денеска има 100 вработени.

Кредитот во вредност од 60.000 евра го обезбедиле преку финансискиот посредник ИК банка, со која соработуваат подолго време и каде кредитната линија на МРФП им била понудена како најповолна за нивниот бизнис. Со обезбедениот кредит и со сопствени средства во вредност од околу 30.000 евра успеале да купат нов објект за нивната фабрика. Новиот објект нуди многу подобри услови за работа, како од аспект на простор, така и од аспект на местоположба. “Преселувањето во новиот објект имаше влијание и на вработените”, вели Ратко Наумовски - “сега тие се помотиварани и попродуктивни во работата”. Поголемиот дел од производството, или околу 90%, е наменет за извоз во странство, односно во Грција, каде што Тритекс има постојани партнери. Другиот дел од производството го пласираат во Македонија преку големопродажба.