fbpx
Вести и јавност
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и партнерските организации Рурална Коалиција, Џуниор Ачивмент Македонија и ЕЛИТ – Здружение на жени менаџери, Ве поканува на настанот за промоција на проектотПотпри се на младите“ кој ќе се одржи на 5 јули 2022 година (вторник), од 10:00-12:00 часот во дворот на основното училиште „Александар Здравковски“ во општина Јегуновце.

potpri se na mladite

Проектот „Потпри се на младите“ има за цел да го подобри животот на младите во руралните општини преку поддршка на локални младински иницијативи низ обуки, менторирање и финансиска помош преку грантови за спроведување на истите. Проектот предвидува соработка со руралните општини за формирање и поддршка на работата на локалните младински совети.

Проектот е со времетраење од 1 февруари 2022 г. до 31 јануари 2024 г.. Целна група се младите од руралните општини во Полошкиот, Североисточниот, Пелагонискиот и Југозападниот плански регион во Македонија. Активностите на овој проект се во насока на поттикнување на соработката со локалните младински совети, младински клубови и граѓанските организации.

Проектот е финансиран од Европската унија, а е спроведуван од Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) во партнерство со Рурална Коалиција, Џуниор Ачивмент Македонија и ЕЛИТ – Здружение на жени менаџери.