Како дел од проектот „CreatINNES” - Стратешко партнерство за иновации и развој на бизнис вештини во културните и креативните индустрии во кој партнер е и Македонската развојна фондација за претпријатија беше спроведена анкета и анализа на потребите во културните и креативните индустрии (ККИ).
Покрај сите можности за лицата кои работат во ККИ, се појавуваат разни предизвици и проблеми. Еден од предизвиците е дека секторот е фрагментиран на повеќе мали и микро бизниси како и поединци. Тие честопати се соочуваат со уникатни потреби вклучувајќи: потреба од нови модели на меѓусекторска соработка, потребата за стекнување на деловни вештини и практични знаења потребни за успешно стопанисување како и соодветен пристап до финансии за зголемување на инвестициите и подобрување на работните процеси.
Првиот чекор беше спроведување на анкета насочена кон прибирање на релевантни информации за потребите за обука на бизнис почетниците, хонорарците и малите иновативни компании од ККИ. Всушност, успешно беа спроведени две истражувања во секоја земја-партнер на проектот вклучувајќи – Македонија, Бугарија, Германија, Франција и Унгарија. И двете истражувања се тематски поделени, првото се однесува на хонорарците и претприемачите на ЦЦИ, а втората е насочена кон дигиталните компании кои не се дел од ККИ.
Подолу можете да ги видите резултати од нашето истражување.
Врз основа на овие сознанија, конзорциумот на проектот започна да развива две прилагодени програми за обука именувани како „Претприемништво за старт-апи од креативната и културната индустрија“ и „Креативно размислување за иновации “.
Првата програма „ Претприемништво за старт-апи од креативната и културната индустрија “ е насочена кон засегнатите страни во ККИ, главно старт-апи и хонорарци кои сакаат да ги развијат своите вештини во деловно планирање, маркетинг, развој на производи и други релевантни теми. Сите деловни теми, релевантни за потребите на тие засегнати страни, се претставени во 8 модули за обука.
Втората програма „Креативно размислување за развој на иновации“ е насочена кон иновативни дигитални стартапи и мали компании, кои не се нужно од секторот ККИ. Оваа програма е фокусирана кон развој на креативноста како важна состојка во процесот на иновации.
Двете програми се очекува да бидат финализирани во февруари 2020 година.
Повеќе информации може да најдете на следниот линк: https://www.creatinnes.eu/post/press-release